|
|
|
|
| Згаснете ја жедта со планинската свежина на „Барово“ |
|
Ново врвно вино од ВВ Тиквеш ...
Згаснете ја жедта со планинската свежина на „Барово“
Белото вино „Барово - Мускат Отонел“ е од категоријата ароматични вина. Добиено е од сопствени контролирани лозови насади, а достапно е во лимитирани количини од 13.000 шишиња
Свежината на високите планински врвови на Кожув планина и топлите струи на Егејот, е вкусот на новото вино на ВВ Тиквеш, - „Барово - Мускат Отонел“. Се работи за вино од категоријата ароматични вина.
Пласирањето на ново вино на домашниот и странските пазари е дел од бизнис стратегијата на ВВ Тиквеш, со стагнацијата на светската економија да се бори со нови производи, со што ќе се подобрат позициите на компанијата.
„И покрај тоа винската индустрија во светот се наоѓа во стагнација, како резултат на што компаниите од овој бизнис се соочуваат со сериозни предизвици. Ние одлучивме негативните трендови на пазарите да ги победиме со храбра стратегија, и како резултат на тоа го пласиравме новото вино „Барово - Мускат Отонел“ на пазарите. Убедени сме дека тоа ќе го зголеми бројот на оние што уживаат во виното и ќе ги зајакне позиции на Тиквеш на пазарот“, истакна Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на ВВ Тиквеш.
Виното „ Барово - Мускат Отонел “ е произведено од сопствени контролирани лозови насади стари повеќе од 35 години, кои се наоѓаат во ретко населена област Барово на Кожув Планина. На оваа планинска локација освен што има чист воздух, високите планински карпи овозможуваат мешање на континетналната и медитеранската клима, како резултат на што виното „Барово - Мускат Отонел“ има посебен вкус.
„Природните услови и спецификите на овој регион даваат одлични услови за одгледување на винова лоза. Лозовите насади во областа Барово на Кожув планина се наоѓаат на надморска височина од 550 до 700 метри, што овозможува пониски температури во летниот период и влажност на почвата. Ваквите природни услови резултираат со соодветна избалансираност на состојќи на грозјето како што е шеќерот, винските киселини и минерали, што на крајниот производ му дава својство на истакнати ароматизирани вкусови“, истакна Глигор Ристов, раководител на лозовите насади во месноста Барово.
Виното „Барово - Мускат Отонел“ засега е достапно само на македонскиот и на пазарот во Р. Србија во ограничени количини од 13.000 шишиња.
|
 |
|
 |
|
|
|
|
|
|
| [more] |
|
 |
|
|
|
| [more] |
|
 |
|
|
|
| [more] |
|
 |
|
|
Tradition old 70 years, former Krcma, today Meana, then Percinkov, today Kerpic, it has a “title deed” to guarantee the good flavour. History has been painted and tradition has been carried on with home cuisine, grilled barbecue, grilled fish, cooked vegetables, stews, specialties, music for the soul, and wine for trut... |
| [more] |
|
 |
|
|
|
|