| „БЕОГРАДСКЕ ТРАДИЦИЈЕ У ЗАГРЉАЈУ ТРАДИЦИЈИ СКОПЉА“ |
|
|
Во ресторанот Стара Градска Куќа гостуваат познатите белградски ресторани: Шаран и Ковач
„Београдске традиције у загрљају традицији Скопља“
од 12 - 16 септември 2011 год.
„ПР ТЕКСТ“
Со голем успех и многу љубов, во Белград во мај 2011 година, во ресторанот "КОВАЧ" се одржаа ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА. Убавината и шармот на македонската музика, мирис и вкус, со врвен квалетет беа пренесени во Белград од страна на сопственикот и тимот на угледниот ресторан од Скопје "СТАРА КУЌА". Се подготвуваа исклучително традиционални јадења од македонската кујна, се служеа единствено македонски вина и ракии и се слушаше само македонска музика.
Тие денови, во ресторанот "Ковач" гостуваа врвни македонски музичари и познати личности од светот на културата и дипломатијата, кои живеат и работат во Белград.
Тоа беа денови исполнети со весела атмосфера, како што македонскиот народ единствено и умее.
Идејата на сопственикот на ресторанот "СТАРА КУЌА", да се возврати гостувањето и ресторанот "КОВАЧ" да гостува во Скопје, беше веднаш прифатена, така што овој ресторан одлучи да дојде во посета заедно со уште еден угледен ресторан од Белград, ресторанот "Шаран", за да на најдобар можен начин ја презентираат српската традиција.
Емоцијата што ги прати овие два народа, македонскиот и српскиот, е весела и исполнета со уживање, добри песни и танци, така што веруваме дека Белград е повеќе од добредојден во Скопје.
Рестораните од Белград составија тим од професионалци во областа на угостителството и музиката и од 12 до 16 септември ќе дојдат во Скопје во ресторанот "СТАРА КУЌА" за да го продолжиме убавото дружење од Белград.
Овој тим ќе биде поддржан и со посета на познати личности од српската естрада и култура кои ќе пристигнат во Скопје на денот на отворањето на овој настан.
Бидете дел од оваа разиграна посета Белград - Скопје и придружете ни се на оваа манифестација.
Ваши верни ресторани "СТАРА КУЌА"-Скопје "ШАРАН" И "КОВАЧ"-Белград
Ве очекуваме, со почит ... |
|
|
|
|
|
|
Тема за која има што да се размислува. Чоколадото дефинитивно не’ прави посреќни, потребно ни е во вистинска физиолошка смисла кога сме на прагот пред некој голем умствен напор, и нормално, ни ги смирува нервите.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
ИМА ЛИ ЛЕК ЗА МАМУРЛАК?!
Сепак има начини и чекори со кои можете да се заштитите од мамурлакот. Потребно е само промислено делување. Посветените конзументи на алкохол ги сметаат овие правила за своевидни заповеди.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Варијацијата е кај секоја домаќинка која додава ,,Вегета’’ по сопствена проценка. Готвачите по македонските ресторани се добро обучени во вртење парчиња месо на скара, а месото крие во себе огромен потенцијал. Неговите
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
За прв пат, а со надеж да стане и традиција, во Белград до 4-ти до 8-ми мај 2011 се одржаа Деновите на македонска традиција, во соработка помеѓу ресторанот Стара Куќа од Скопје и ресторан Ковач од Белград.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во прехрамбената индустрија кога се бараше начин како да се произведе квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии,
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Излезе првиот број на WINE SPIRIT, единствениот магазин посветен на вино, гастрономија и животниот стил во Македонија.
Магазинот има за цел да биде двигател на стручната и критична мисла,која би помогнала за
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Вистинските хедонисти во кујната ќе кажат дека она што патува до вашиот желудник мора да биде беспрекорно вкусна храна и пијалок, вкус кој ќе ги разбуди сите сетила и ќе помогне да ја разберете старата мудрост што потсетува
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Историја...
Уште одамна вискито било познато по своите квази-медицински својства и се верувало дека го чува здравјето. Почнале да го произведуваат уште старите Келти, кои го нарекувале, "uisge beatha", односно, вода на животот.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
ОВЕН
Еуфоричен водач. Својот жесток темперамент може да го смири со лесна храна, пред сѐ зеленчук, малку месо, без жесток алкохол и цигари.
Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќот, зелката, рдоквата и цвеклото се некои од зеленчуците кои задолжително би требало
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
|
| НАЈБАРАНИ РЕСТОРАНИ |
|
|
|
| |
|
| ПРЕПОРАЧАНИ ВИНА |
|
|
|
|
За љубовта божествена да разгласам Старо вино црвено душава ми побара Од мерак со погача в раце да заиграм Радост растреперена да излеам од амфора! |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Прекрасна комбинација од нашиот деликатен и ароматичен Вранец, богатото, долготрајно Каберне и постојаното, напредно Мерло. |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Ова рубин-црвено, деликатно, долготрајно и елегантно, полусуво вино, ги плени сите ваши сетила во моментот штом го допрете и вкусите. |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Свеж мирис со интензивен мускатен аромат, со слатки тонови на карамел и мирис на роза Хармоничен, интензивен вкус со префинет мускатен |
|
 |
|
 |
|
|
|
* Вино со рубин црвена боја. Чувано е во дабови буриња повеќе од 18 месеци. Не е филтрирано. * Интензивен мирис на зрело овошје, грозје и сливи, и арома на зачини и тутун
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|
|
|
| |
|