ПОЧЕТНА | ЗА НАС | ПРИЈАВИ РЕСТОРАН | КОНТАКТ
Одберете јазик:     
 
 
Restaurant software
 
 
 
 
 
 
 
 
  КАКО СЕ ПРАВИ ВИНОТО ?
Винското грозје, Vitis vinifera, лесно расте во умерена до топла клима. Раствор од шеќер и вода се развива во зрелото грозје а лушпата лесно дозволува раст на природен квасец. Во процесот на ферментација, три едноклеточни организми го јадат природниот шеќер и го претвораат во етил алкохол и јаглероден диоксид. Овој прилично едноставен процес се применува и употребува илјадници години од човековата култура. Во последните стотина години, технологијата и нови идеи на произведувачите на вина одиграле улога која постојано се зголемува во производството на вино. Тоа се повеќе станува наука и уметност.


Еве ги основните принципи за правење вино. Гроздовите се берат рачно (ова е најдобро) или со механички берачи. Изложеноста на воздух треба да се одржува на минимум во сите фази на процесот. Понекогаш гроздовите се прскаат со сулфити во прав пред гмечењето со цел да се спречи преголема реакција со воздухот. Ферментацијата обично се случува во отворени бочви. Неколку процеси можат да се искористат за виното да добие бистрина, прочистување и на пример филтрација. Кусо време по завршувањето на ферментацијата, виното се пренесува во резервоар за таложење каде што можат да се употребат други техники за избистрување.


Разликата помеѓу правењето црвено и бело вино.


Има значајни разлики помеѓу производството на црвено и бело вино. Во основа, црвеното вино е резултат од згмечени, ферментирани гроздови. Белото вино е резултат од ферментиран сок од гроздови (односно, без лушпи и месо од овошјето) Розови вина, од интерес, се прават од црвени гроздови во вино како да биле бели гроздови. Лушпите од црвените гроздови додаваат малу боја и хранливи состојки на сокот којшто се прави во розово вино или розе, оставајќи благо руменило во виното.


Црвено вино

Сето грозје содржи ист вид на зелено овошно месо, но црвеното грозје има црвена лушпа и во процесот на производство на вино, има значително количество боја, вкусови и танин кои се пренесуваат во крајниот производ. По гмечењето, црвените гроздови, лушпите и се, се оставаат во бочва одреден период за ферментација. Замислете си огромна пластична бочва со мешавина од згмечени гроздови со слој од згмечени влажни лушпи на површината. Лушпите имаат тенденција да испливуваат на површината, образувајќи слој на врвот. Овој горен слој често се меша назад во сокот којшто ферментира (наречен шира). Откако завршила ферментацијата, една или две недели подоцна, новото вино се извлекува од бочвата. Делумно слободно точење е дозволено да се испушти а потоа остатокот од ширата се цеди добивајќи вино под притисок. Виното се прочистува а потоа се пренесува во дрвени дабови буриња за да созрее. Кога произведувачот смета дека виното е готово, се флашира и се ставаат етикети.


Бело вино

Веднаш по бербата, белите гроздови се ставаат во машина за гмечење. Во процесот лушпите се одвојуваат од сокот, значајна разлика во однос на процесот на црвеното вино. Понекогаш се прават некои прилагодувања на нивото на киселост или сладкост во оваа фаза (додавањето шеќер се нарекува капитализација). Прочистениот сок е тогаш подготвен за ферментирање.

Тогаш се додава квасец за ферментацијата. По извесен период сокот од бело грозје станува бело вино. Во оваа фаза, обично е потребно дополнително дотерување. Филтрација а можеби и додавање на посладок сок за да се заокружи вкусот. Потоа виното созрева на тој начин што се складира во контејнери од росвај или буриња од даб, и по неколку месеци, се флашира.
  СОВЕТИ ЗА РАЗБИРАЊЕ НА ВИНОТО
Многу луѓе коишто не израснале во семејство коешто консумира вино одлучуваат да почнат да пијат вино како возрасни, воедно затоа што додава прекрасен вкус на оброкот и поради здравјето. Како да започнете со пиење на вино кое е здраво?

 Повеќе  
  ОСНОВИ НА ВИНОТО ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Секој од нас еволуира во сопственото културолошко искуство. Веројатно и вие сте дошле до моментот кога сте подготвени да искусите повеќе авантури како познавач. Во виното има култура. Тоа може да се пронајде во ритуалот на пиењето, почитувањето

 Повеќе  
  НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПЕНЛИВИ ВИНА И ШАМПАЊ
Шампањ е регион во Франција, и само вина коишто доаѓаат од овој регион можат да бидат соодветно наречени „Шампањ“. Слични вина од останатиот дел од светот треба да се наречат „пенливи вина“. Меурчињата коишто се белег на Шампањ биле ...

 Повеќе  
 
  НАЈБАРАНИ РЕСТОРАНИ
Ресторан Национал
Гостилница Галерија
Ресторан Ла Пицерија
Ресторан Мирко 919
Ресторан Буре
 
  ПРЕПОРАЧАНИ ВИНА
ГРАН КУВЕ 2006

* Вино со рубин црвена боја. Чувано е во дабови буриња повеќе од 18 месеци. Не е филтрирано.
* Интензивен мирис на зрело овошје, грозје и сливи, и арома на зачини и тутун

 
 
ПОЧЕТНА | ЗА НАС | ПРИЈАВИ РЕСТОРАН | КОНТАКТ
  © Copyright 2006-2011 www.restorani.mk, All Rights Reserved.