Секој од нас еволуира во сопственото културолошко искуство. Веројатно и вие сте дошле до моментот кога сте подготвени да искусите повеќе авантури како познавач. Во виното има култура. Тоа може да се пронајде во ритуалот на пиењето, почитувањето на занаетот на произведувачот на вино и стимулацијата на виното врз нашите вкусови по наш мерак. А сега, да продолжиме со вистинското уживање на виното.
Кога пиеме вино, нашите точки за вкус се стимулираат на уникатен начин а алкохолот има смирувачки ефект на мозокот. Човечкиот вкус содржи четири компоненти: сладост, соленост, киселост и горчливост. Киселоста и сладоста во виното се двата фактора кои се заемно урамнотежени да дадат пријатно чувство на нашето сетило за вкус. Киселоста ја вкусуваме со средината на јазикот а сладоста со врвот од јазикот.
Вина со преголема киселост се остри на вкус, тие со недоволна киселост имаат неинтересен вкус и нивниот вкус не се задржува доволно долго во устата. Танинот допринесува за односот на горчливоста на нашиот јазик. Ако некогаш имате загризено во семето од грозје, тогаш ја имате вкусено сувата горчливост на танинот. Вино со премногу танин е непријатно горчливо. Вистинското ниво на танинот има ефект да ги собере вкусовите заедно со добро задржување во устата. Различните овошни вкусови забележливи во виното допринесуваат за нијансите на сладоста којшто ја вкусуваме. Забавно е да се обидувате да забележите различни карактеристики на овошјето, како боровинки, сливи, јаболка,круши...
Другите наши сетила се исто така вклучени. Нашиот вид ужива во бојата а нашето сетило за мирис ужива во миризбата. Многу од карактерот на виното се открива единствено преку аромата којшто се оддава. Ова богато придодава кон димензиите кои се наоѓаат во виното.
Многу луѓе коишто не израснале во семејство коешто консумира вино одлучуваат да почнат да пијат вино како возрасни, воедно затоа што додава прекрасен вкус на оброкот и поради здравјето. Како да започнете со пиење на вино кое е здраво?
Шампањ е регион во Франција, и само вина коишто доаѓаат од овој регион можат да бидат соодветно наречени „Шампањ“. Слични вина од останатиот дел од светот треба да се наречат „пенливи вина“.
Меурчињата коишто се белег на Шампањ биле ...
Винското грозје, Vitis vinifera, лесно расте во умерена до топла клима. Раствор од шеќер и вода се развива во зрелото грозје а лушпата лесно дозволува раст на природен квасец. Во процесот на ферментација, три едноклеточни организми го јадат ...
* Вино со рубин црвена боја. Чувано е во дабови буриња повеќе од 18 месеци. Не е филтрирано. * Интензивен мирис на зрело овошје, грозје и сливи, и арома на зачини и тутун