| РАСПОЛОЖЕНИЕТО И ХРАНАТА КАКВА Е НИВНАТА ВРСКА? |
|
|
Тема за која има што да се размислува. Чоколадото дефинитивно не’ прави посреќни, потребно ни е во вистинска физиолошка смисла кога сме на прагот пред некој голем умствен напор, и нормално, ни ги смирува нервите.
Вегетаријанците дебатираат дали болката од убивањето на животните, се одразува некако во нивното месо, па затоа останатите карнивори на планетава се агресивни, незадоволни и со некои тегоби. Свежото овошје и зеленчук даваат енергија, ни го поткреваат моралот, не’ освестуваат од мамурлук. Емотивната состојба и видот храна што го внесуваме се взаемно зависни или станува збор за некаков пласибо ефект? Дали се работи за некакви бабини деветини на кои се потпираме, или науката може да ни даде одредени одговори на овие прашања? Да видиме!
Одредена магистерка по нуритологија?, Јанис Полански, ги убедува читателите на сајтот (http://www.personalhealthdynamics.coм) дека храната има централна улога во нашиот секојдневен живот.
До некаде држи вода. Во моментот кога се раѓаме, храната и емотивната состојба се скоро една иста работа. Бебето плаче кога не е нахрането. Така, во текот на целиот живот имаме потсвесен момент да ја поврзуваме храната со чувствата. Обичаите, славите, обредите ни се секогаш поврзани со храна. Ја ,,давиме’’ тагата во храна, или пак ја ублажуваме евентуалната фрустрација. Зборуваме и за моќта, некогаш препишана, некогаш докажана на зачините, различните состојки, разно разните семки, напитоци и опивки кои го враќаат апетитот или предизвикаат смирувачки, мотивирачки и инспиративни ефекти врз оние кои ги конзумираат. Преку храната се справуваме, изразуваме, предизвикуваме, доловуваме некому љубов, пријателство, благодарност. Во денешно време, бомбардирани сме од слики кои претставуваат некакви си стереотипи како треба да изгледа идеалното машко и женско тело.
Она што се рекалмира и она што е реалност, како и конзумерското општество во кое живееме ја доведуваат индивидуата во конфликтни ситуации, до фрустрации или пак до слепо следење на идеали кои веќе се нечовечки. Неизбежно се поставува прашањето дали јадеме да преживееме, или живееме за да јадеме, или го јадеме она што некој друг ни го наметнува за да се справиме некако со животот? Во исто време, додека светот се преплавува со масовно производство на секаков вид храна, од полусмрзната, до онаа која се готви за 4 минути, брзата храна и сите оние производи како чипсови, грицки, чоколатца, имаат нивна противтежа во храната која се промовира како органска, природна, свежа, здрава, без холестерол, без сатурирани масти, и полна со витамини.
Исто така, точно е дека во оваа збрлавена денешница, едвај имаме време за себе и нашите блиски, па готвењето свежа храна ни делува како недоволно добра причина да и’ посветиме време. Она што голем дел од нас не го разбираат е дека храната дефинитивно влијае на менталното, емоционалното и спиритуалното расположение. Како се чувствуваме со храната што ја јадеме? Дали храната не’ контролира нас или јадеме квалитетно за да живееме квалитетен живот? Еве неколку информации како храната може да ни помогне во секојдневието да имаме избалансирано тело и ум, хармонија и внатрешен мир.
Експертите велат дека храната не не снабдува само со протеини, јагленохидрати, масти, витамини и минерали. Таа е кондензирана и трансформирана енергија. Преку храната ние црпиме енергија. Според една физиолошко-шаманска теорија, кога јадеме, ги процесираме и апсорбираме силите од природата сконцентрирани во она што го јадеме. На пример, преку процесот на фотосинтеза, растенијата ја апсорбираат соларната енергија и ја трансформираат за нивни потреби. Јадењето ги ослободува овие енергии, а телото ни ги апсорбира.
Од тука, енергијата во храната стапува во контакт и интеракција со нашето тело на повеќе нивоа, како биолошко, емоционално, ментално и духовно ниво. За возврат, можеме точно да одредиме што не чини здрави, и евентуално, можеби, со доволно дисциплина да го подобриме квалитетот на животот. Треба да се има на ум, дека нам различно ни делува свежа, жива органски храна од храната која содржи хемикалии, вештачки бои, конзерванси, пестициди, хормони. Замислете ја енергијата која во себе ја носи еден домат, да речеме, кој растел природно во земјата, црпел вода и минерали од неа, или некој домат кој растел во калап, по мерка, висел во воздухот, предвремено е созреан и единствено што има е сјајна боја.
Во вториот случај, органите како бубрезите и црниот дроб, треба да работат повеќе и да потрошат повеќе енергија за да го испроцесираат конзумираното. На ова, ригорозните вегетаријанци ќе додадат и дека кога јадеме месо ја превземаме енергијата од животното, вклучувајќи ја и онаа од неговиот живот во однос на место на живеење (дали е фарма, дали говедото слободно пасе и шета или има атрофирани нозе и огромно тело), но и енергијата од чинот на неговото убиство.
Но храната не ја носи во себе само енерегијата од нејзините компоненти, или од местото каде што доаѓа. Таа исто така ги апсробира и енергиите од луѓето кои ја подготвуваат, ја продаваат, дистрибуираат.. Ќе се сложиме сите дека храната подготвена со љубов, и храната подготвена ,,ради реда’’ немаат ист вкус. Одамна се зборува дека и микробрановата печка има шптетен ефект врз храната што се подготвува во неа. Според некои медицински весници посветени на оваа тема, готвењето во микробранова печка ја прави храната да предизвикува структурални, функционални и имунолошки промени во телото на оној кој ја конзумира. Згора на се’, уште менува и некои амино киселини во отрови кои го оштетуваат нервниот систем, црниот дроб и бубрезите.
Освен ефектите на физичко и енергетско ниво, храната може да делува на нас и емотивно. На пример, за утеха на децата им се дава храна иако можеби причината за нивната тегоба не е поврзана со глад. Слично, некоја храна ја конзумираме во обид да си создадеме чувство, или можеби поточно, илузија на комфор, сигурност, исполнетост. Некогаш се справуваме со интензивни чувства преку јадење одредена храна. Овие неефективни, често пати потсвесни начини на справување со емоции, стрес, кризи и предизвици, можат да резултираат со изразена потреба за храна. Да не се контролира оваа тешко објаснива потреба за храна, може да доведе до чувство на беспомошност, да го зголеми нивото на стрес и да ја намали самодовербата.
Извор:
Бар Код Магазин
www.barcode.com.mk |
|
|
|
|
|
|
ИМА ЛИ ЛЕК ЗА МАМУРЛАК?!
Сепак има начини и чекори со кои можете да се заштитите од мамурлакот. Потребно е само промислено делување. Посветените конзументи на алкохол ги сметаат овие правила за своевидни заповеди.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Варијацијата е кај секоја домаќинка која додава ,,Вегета’’ по сопствена проценка. Готвачите по македонските ресторани се добро обучени во вртење парчиња месо на скара, а месото крие во себе огромен потенцијал. Неговите
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Во ресторанот Стара Градска Куќа гостуваат познатите белградски ресторани: Шаран и Ковач
„Београдске традиције у загрљају традицији Скопља“
од 12 - 16 септември 2011 год.
„ПР ТЕКСТ“
Со голем успех и многу љубов, во Белград
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
За прв пат, а со надеж да стане и традиција, во Белград до 4-ти до 8-ми мај 2011 се одржаа Деновите на македонска традиција, во соработка помеѓу ресторанот Стара Куќа од Скопје и ресторан Ковач од Белград.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во прехрамбената индустрија кога се бараше начин како да се произведе квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии,
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Излезе првиот број на WINE SPIRIT, единствениот магазин посветен на вино, гастрономија и животниот стил во Македонија.
Магазинот има за цел да биде двигател на стручната и критична мисла,која би помогнала за
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Вистинските хедонисти во кујната ќе кажат дека она што патува до вашиот желудник мора да биде беспрекорно вкусна храна и пијалок, вкус кој ќе ги разбуди сите сетила и ќе помогне да ја разберете старата мудрост што потсетува
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
Историја...
Уште одамна вискито било познато по своите квази-медицински својства и се верувало дека го чува здравјето. Почнале да го произведуваат уште старите Келти, кои го нарекувале, "uisge beatha", односно, вода на животот.
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
ОВЕН
Еуфоричен водач. Својот жесток темперамент може да го смири со лесна храна, пред сѐ зеленчук, малку месо, без жесток алкохол и цигари.
Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќот, зелката, рдоквата и цвеклото се некои од зеленчуците кои задолжително би требало
Повеќе |
|
|
|
 |
|
|
|
| НАЈБАРАНИ РЕСТОРАНИ |
|
|
|
| |
|
| ПРЕПОРАЧАНИ ВИНА |
|
|
|
|
| Доминираат мирисни ноти на дива капина, рибизла и суво грозје кои се и карактеристични за регионот. |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Свеж мирис со интензивен мускатен аромат, со слатки тонови на карамел и мирис на роза Хармоничен, интензивен вкус со префинет мускатен |
|
 |
|
 |
|
|
|
Интензивна рубин боја. Овошна арома (цреша, боровница,грозје). |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Сервирање: Масно сирење, морска храна, мусака, дивеч, телешко, бифтек или месо на скара. |
|
 |
|
 |
|
|
|
| Сервирање: Храна готвена со домати, пица, лазањи, пармезан, моцарела, паста или пилешко месо. |
|
 |
|
 |
|
|
|
|
|
|
| |
|