ПОЧЕТНА | ЗА НАС | ПРИЈАВИ РЕСТОРАН | КОНТАКТ
Одберете јазик:     
 
 
Restaurant software
 
 
 
 
 
 
 
 
  СОВЕТИ ЗА РАЗБИРАЊЕ НА ВИНОТО
Многу луѓе коишто не израснале во семејство коешто консумира вино одлучуваат да почнат да пијат вино како возрасни, воедно затоа што додава прекрасен вкус на оброкот и поради здравјето. Како да започнете со пиење на вино кое е здраво?
Првин, невозможно е за нас (или било која трета страна) да ви каже во кој вид на вино Вие би уживале и со каков вкус. Сите имаме различни вкусови по наш мерак! Можеби повеќе сте по слаткиот вкус и би ви се допаднал лесниот вид на Бел Зинфандел (White Zinfandel). Можеби сте љубител на чаеви и би уживале во црвено вино со малку танин во него. Можеби сте љубител на кафе со шлаг и би ви се допаднал мек Шардоне (Chardonnay) како путер.

Најдобриот совет ви е да нарачате било кое вино во ресторан, според чаша. Повеќето ресторани служат многу вина од средината на скалата кои им се допаѓаат на најширок спектар од непца. При секое излегување, пробајте различно вино и запишувајте ги во тетратка оние кои ви се допаѓаат, кои не, и зошто. Овде нема вистинско или погрешно. Слободно мразете било кое вино! Но наскоро ќе забележите шема од видови во кои уживате, а тоа се оние од кои треба да пробате различни марки и да научите нешто повеќе за нив.

Следно, некои луѓе сметаат дека некои вина се подобри од други од здравствени причини. Одат и дотаму што прашуваат кои марки се најздрави! Иако имам многу страници за вино и здравје суштината е дека двете, и црвените и белите вина се корисни - а корисноста е во тоа што виното доаѓа од црвено грозје и бело грозје. Истражувачите не прават истражувања засновани на марки од вина. Тие вршат истражување на сите вина. Истражувањето потоа се повторува во други лаборатории користејќи сосема различен збир од вина. Навистина, она што е важно е вие пиете Вино – и не е важно дали е со цена од 500 денари шише или скапо шише од 5000 денари.
Повеќето уживатели на вино пијат чаша вино со вечерата секоја вечер, па би требало да пиете вино во кое уживате! Не би сакале ова да ви стане обврска којшто треба да ја направите. Затоа изберете вина чијшто вкус ви се допаѓа и спаѓаат во длабочината на вашиот буџет, без разлика колкав е тој буџет. И наздравете за ваше здравје!
  ОСНОВИ НА ВИНОТО ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Секој од нас еволуира во сопственото културолошко искуство. Веројатно и вие сте дошле до моментот кога сте подготвени да искусите повеќе авантури како познавач. Во виното има култура. Тоа може да се пронајде во ритуалот на пиењето, почитувањето

 Повеќе  
  НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПЕНЛИВИ ВИНА И ШАМПАЊ
Шампањ е регион во Франција, и само вина коишто доаѓаат од овој регион можат да бидат соодветно наречени „Шампањ“. Слични вина од останатиот дел од светот треба да се наречат „пенливи вина“. Меурчињата коишто се белег на Шампањ биле ...

 Повеќе  
  КАКО СЕ ПРАВИ ВИНОТО ?
Винското грозје, Vitis vinifera, лесно расте во умерена до топла клима. Раствор од шеќер и вода се развива во зрелото грозје а лушпата лесно дозволува раст на природен квасец. Во процесот на ферментација, три едноклеточни организми го јадат ...

 Повеќе  
 
  НАЈБАРАНИ РЕСТОРАНИ
Ресторан Национал
Ресторан Буре
Ресторан Ла Пицерија
Гостилница Галерија
Ресторан Мирко 919
 
  ПРЕПОРАЧАНИ ВИНА
VRANEC AMFORA 2008

За љубовта божествена да разгласам
Старо вино црвено душава ми побара Од мерак со погача в раце да заиграм
Радост растреперена да излеам од амфора!

 
 
ПОЧЕТНА | ЗА НАС | ПРИЈАВИ РЕСТОРАН | КОНТАКТ
  © Copyright 2006-2011 www.restorani.mk, All Rights Reserved.