Во самото срце на градскиот парк, среде богатото зеленило, се наоѓа реномираниот ресторан ’’ Уранија’’. Да се посети овој ресторан, значи да се доживеат мигови на мошне пријатна и опуштена атмосфера, збогатена со звуците на интернационалната музика.
Во македонското угостителство ’’ Уранија ’’ гордо егзистира повеќе од една деценија. Секој оној кој барем еднаш го посетил нашиот ресторан, со право ке забележи дека се вбројува во врвот на отмените ресторани, не само во Скопје, туку и пошироко на Балканот.
Нашиот ресторан е место што го посетуваат сите видни личности од светската политичка и забавна сцена, кои престојуваат во нашиот град. Наши постојани гости биле и се сите високи политички функционери на Република Македонија, шефови на повеќе европски држави, претседатели на влади и на држави, сите амбасадори на странските претставништва во Македонија, холивудските ѕвезди како Роџер Мур и Ванеса Редгрејф, сите домачни медиумски ѕвезде, сите делегации на фудбалски федерации што допатувале во Скопје, целокупната македонска бизнис елита и многу други. Сето ова потврдува дека нашиот ресторан, е познат не само на нашите простори, туку и пошироко во светот.
Од вештите раце на готвачите може да вкусите најразновидни јадења и специјалитети од богатото македонско и и нтернационално мени што ви го нуди ресторанот ’’ Уранија ’’. Услугата е беспрекорна и секогаш на врвно ниво.
Покрај редовната програма и секојдневното успешно работење на ’’ Уранија ’’, тука се организираат и бројни коктели, приемии, шветски маси, гала вечери и разни кетеринг услуги.
Им благодариме на сите наши досегашни и идни гости, пријатели и сите љубители на нашата храна, пријатен амбиент, чистотата и безпрекорната услуга.
Секогаш Ваши,
Персонал на ресторан
’’Уранија ’’
|