Миле Неделковски, готвач со тридецениско искуство, кој во својата кариера подготвувал храна за многу важни луѓе, од крунисани глави и врвни политичари, преку успешните македонски бизнисмени и популарните естрадни ѕвезди, до славните светски фудбалери oд пред неколку месеци неговата вештина ја пренесе во сопствениот ресторанот „Алдами“, кој Неделковски го отвори со своето семејство... Последните десет години од својата кариера како главен готвач ги помина во најелитниот македонски хотел „Александар палас“, каде имаше можност да научи многу и да сретне некои од најпознатите личности во светот. Маестро Неделковски подготвувал храна за многу познати личности, вклучувајќи ги принцот Чарлс и Дејвид Бекам, се сретнал и со познати луѓе кои имале специфичен начин на исхрана. Сето стекнато искуство и знаење, Неделковски веќе ги применува во семејната гостилница „Алдами“, и негова цел е да нема еден специјалитет на куќата, туку секое јадење да биде специјалитет. Повелете и уверете се! Гостилница Алдами се наоѓа во најстрогиот центарот на градот, до некогашното кино ’Култура’, во близина на улица ’Македонија’, зад Собрание на РМ и Дом на АРМ. Во ресторанот се служи македонска национална кујна, похувани тиквички, пинџур, ајвар, сите видови салати, сирења на скара, разни пити, турли тава, тавче гравче и македонско раженче, ребро во фурна, неколку видови плескавици: шарска, македонска, гурманска, алдами плескавица како и бифтеци, филеа и медалјони и други специјалитети. Интервјуто со Г-дин Миле Неделковски
Песната посветена на Алдами превземете ја тука
|