Ресторанот Билјанини Извори е совршено место за уживање во одлични македонски и интернационални јадења. Посетете ги традиционалните Билјанини извори и почувствувајте го прекрасниот амбиент на природата. Ресторанот се наоѓа на само 1 километар од центарот на градот на познатите Билјанини извори и нуди можност за уживање во специјални моменти. Располага со капацитет од 100 седишта внатре и околу 400 седишта на терасата.
Дел од ресторанот кој го разубавува амбиентот е реставрираниот најстар дрвен брод во градот, кој бил користен за истражување на езерото пред 80 години. Единаесет метарскиот брод претставува најголемиот модел на брод во Македонија.
Сликајте се со пиратскиот брод и напијте се пиво на палубата.