Симболот на ТЦ “Лептокарија” и дефиницијата на вкусните залак и голтка и на лезет муабетот -на нова локација!
Каде? Нормално, повторно во ТЦ “Лептокарија”,сега зад кафе-барот “Мартини”!
Единаесетгодишната традиција, преточена во ќеиф и мерак, низ илјадниците денови и ноќи, во секојдневното друштво на скопските сладокусци и боеми, продолжува…
Со бисерите на македонската кујна и со одбраните вина, во интимна атмосфера надополнета со жива музика, досега уживаа бизнисмен(к)и и естрадни ѕвезди, спортист(к)и и новинар(к)и,професор(к)и и лекар(к)и… Без оглед напрофесијата, возраста, полот, религијата…
За сите за кои и досега “Буре” беше синоним за богата трпеза со специјалитети на македонската кујна и за грижлива селекција на македонски вина, ресторанот и на новата локација, со збогатено мени и во нов амбиент, ширум ги отвора вратите и срцето и за сите други ѓезмеџии од Карпош, Скопје, Македонија…
Повелете, да ги споделиме најубавите моменти!
|