Ресторанот се наоѓа во срцето на Охрид, блиску до чаршијата и до кејот на езерото. Располагаме со ресторан од 100 седишта и летна тераса со 140 седишта. На услуга на нашите гости им е паркинг со голем капацитет кој може да смести секаков вид на превозни средства.
Ние сме еден од ретките ресторани каде може да се вкуси свежа охридска пастрмка од сопствени езера-рибници (погледни видео подолу)
Имајќи ги предвид најразличните потреби на гостите, ресторанот нуди "A la carte" исхрана по порачка и најрозновидни менија: - Обични менија (предјадење, главно јадење и десерт) - Специјални менија (рибно, вегетаријанско, диетално и други видови менија со состав кој ќе одговара на најразличните верски и национални припадности) - Свечени менија (национални, новогодишни, јубилејни, деловни ...)
Интернационалниот ресторан „Европа“ е надалеку познат по прекрасните јадења на скара, морски и изворна охридска пастрмка. Реномиран е по својата 15-годишна континуирана и успешна работа, професионалниот услужлив персонал.
Во делот на забавата за гостите имаме одличен акустичен оркестар и можност за настап на фолклорни групи.
Ви благодариме на вниманието и се надеваме на долга и успешна соработка.