Годините минуваат, генерациите се менуваат, а останува само виното.... и конобите, велат стиховите на една песна.
Постојаниот стремеж на човекот на денешницата, да се отргне од грубото секојдневие и да му сонот стане реалност како во стиховите на песната, се моментите што ќе ги доживее во конобата “ Фрути ди Маре “ која успеа во своето релативно кратко постоење да ги обедини љубителите на морската храна.
Познат и како “ Коноба кај Иве “, овој угостителски бисер нуди нешто eдинствено: вистински приморски амбиент со мрежи распослани по таваните, небаре сега од нив се извадени свежите морски плодови, релјефни ѕидови на кој се отсликува уметноста на Урдин и егзотиката на Коџоман, стари предмети кои создаваат чудесна патина на просторот, камин што потсетува на бајковидните дела на Гауди, бавча што би можеле само да ја сонувате во летните денови и ноќи. Релаксираната медитеранска атмосфера ви ја надополнуваат звуците на пријатната музика прилагодена според моментните музички желби и чувства на гостите.
Суштесвеното сиже на севкупната пригода е сепак уживањето што го нуди гастрономијата, кулинарските тајни главно потекнуваат од Далмација, збогатени со по некоја приморска “финта“ од Италија и Скандинавиа.
Морските прозиводи стигнуваат од Солун па на менито можете да најдете преку 15 различни видови риба: сабјарка, ајкула, зубатац, лист, лосос, орада, а од домашните неизбежната охридска пастрмка.
|