Кафеаната Маргер, во сопственост на г. Стојан Воштињаров, била место на одвивање на градскиот боемски живот на старите скопјани, место на средби, веселби и добра забава од 1939 до 1945 година, кога престанала со своето работење. По пауза од 65 години Маргер, во сопственост на потомците на г. С. Воштињаров, повторно почнува со работа на нова локација, сега како модерен ресторан во срцето на градскиот парк во Скопје. Идејата за задржување на старото име, всушност, е идеја за возобновување на старата боемска традиција која се врзува за кафеаната Маргер, но на начин кој најмногу му одговара на современиот Македонец. Традиционалното во Маргер е неминовно поврзано со вкусот. Вкусот на разните предјадења, главни јадења и специјалитети на Маргер е единствен и неповторлив. За тоа не може да се зборува, специјалитетите мора да се вкусат, да се доживеат. Маргер прави спој на традиционалното со модерното, на некогашното со сегашното. Резултатот на овој спој е место со пријатна атмосфера во кое ќе посакате да уживате со вашите најблиски, со вашите пријатели или со вашите деловни партнери.
|