ДВИЖЕЊЕ . . . Возовите како тема, како стил на живеење, огледало на нашата потреба за движење напред, никогаш во круг. Сегогаш во нови правци, на нови дестинации, нови места, со нови луѓе, нови видици... Иако на едно место, патувањето може да се доживее како активно чекање со сите предизвици, мистерии и загатки што ги носи.
Доколку сакате да патувате од едно место, ресторанот Ориент Експрес е вистинското место за Вас. Ќе ви овозможиме пријатно доживување и едно поинаково патување во светот на храната.
Сместен во срцето на градот, во Дебар маало, ресторанот Ориент Експрес ви нуди пријатно место за дружење, забава и уживање. Знаеме дека довербата се гради со тек на времето, и кога гостите ни доаѓаат повторно задоволни сме од нашата работа.
Повелете дојдете, а ние ќе се погрижиме да ве заведеме со вкусна храна, убав амбиент и селектирани вина.
Да патуваме заедно, да движиме напред...
|