Приказната за Охридскиот бисер
(корисни информации)Фамилија Ристески
Охридскиот бисер е совршен сувенир за оние коишто го посетуваат Охрид И Охридското езеро. Исклучиво важно да се напомене е дека постојат само неколку фамилии во Охрид , кои ја знаат ,, тајната ,, за обработката на добро познатиот Охридски бисер.
Фамилијата Ристески е првата фамилија која ги изработува Охридските бисери уште од далечната 1954 година во Св. Наум.
Тајната за изработката на Охридскиот Бисер дури и денес е една од најдобро чуваните тајни на оваа фамилија која изработува бисери соединети во креативни бисерни огрлици и наруквици.
Презентацијата на овој рачно изработен накит се врши во ресторанот на оваа фамилија кој се наоѓа во Св.Наум.
ЗА ОХРИДСКИТЕ БИСЕРИ
Охридските бисери се локален обичај којшто остана недопрен од глобализацијата и нема ни да биде бидејќи за нивната изработка се потребни лушпите од кожата на ендемичната риба Плашица која ја има само во Охридското езеро. Причината поради која овие бисери се толку многу посебни е нивната рачна изработка на основа на природни состојки со користење на традиционанални методи.
Процесот на обработка на Охридскиот бисер почнува со собирање на големо количество на езерски школки. После тоа најсјајниот дел од внатрешноста на школката се зема во слоеви ( мајка на бисерот). За да се соедини таа смеса се користи хемиски состав кој што е тајна на оваа фамилија. После неколку пати на термичка обработка на таа смеса Охридскиот бисер е готов за полирање. Направен вака, се вели дека Охридскиот бисер трае вечно.
Различните бои на Охридскиот бисер се добиваат со користење на сецијална емулзија. Во таа емулзија се ставаат лушпи на најмалата и најстарата риба во охридското езеро - рибата Плашица. Лушпите се мешаат со специјални бои и хемиски состав кој што исто така е тајна. Лушпите на емулзијата и даваат посебен сјај и тврдост за бојата да не излегува.
Цената на Охридскиот бисер зависи од дијаметарот на бисерот којшто може да варира од 4мм - 16мм, но кога бисерот е комбиниран со сребро или злато, тогаш цената зависи од тежината на накитот.
Денес, Охридскиот бисер се смета за симбол на Охрид којшто секогаш бил најпосакуван сувенир од овој дел на Европа. Освен во Св.Наум, Охридскиот бисер произведуван од страна на фамилијата Ристески може да се најде И во сите поголеми хотели во Охрид.
Ресторан ОСТРОВО се наоѓа на југо-источната страна од Охридското езеро, на еден од островите веднаш до прекрасните извори на реката Црн Дрим, окружен со неповторлива природа,позната во целиот поширок регион. Во овој ресторан можете да го почувствувате вкусот на традиционалната Македонска кујна и добро познатите специјалитети од риба. Внатрешниот дел на ресторанот има капацитет за луѓе, но за време на сезоната ( од Април до Октомври) целиот остров се претвора во огромна летна тераса кадешто повеќе од 650 гости можат да уживаат во пријатна и тивка атмосфера, под сенките на старите дабови дрва. Посетете го островот на тишината , опиени од духовниот спокој И недопрената природа, залиени со добро македонско вино И етно музика.
Прошетка со кајчиња по изворите на реката Црн Дрим
Ресторанот исто така Ви нуди незаборавна прошетка со кајчиња по изворите на реката Црн Дрим. Овие извори се сметаат за мајка на Охридското езеро и тие се најголемите очевидни извори на брегот на Охридското езеро. Бидејќи ова е заштитена зона од Националниот Парк Галичица, прошетката се врши со мали кајчиња без мотор. Таа прошетка трае 25-30 минути, а посетителите можат да видат 30 подводни, 15 крајбрежни и 7 главни извори коишто прават едно големо езеро кое се влива во Охридското езеро. Водата е многу прозрачна, со најголема длабочина од 3,5 метри и ова е идеално место за мрестење на познатата Охридска Пастрмка. Изворите се дом на ендемични флора и фауна и мали водни желки, коишто можат да бидат видени од Јуни до Октомври.
ЕТНО ВИЛА РИСТЕСКИ
Оваа автентична вила се наоѓа во селото Љубаништа, на само 2,5 километри од манастирот Св. Наум и ресторанот Острово. Има 5 луксузни апартмани со капацитет од 20 луѓе коишто се со клима-уред, кабловска телевизија, мини-бар и кујна. Секој апартман располага со тераса која има прекрасен поглед на Охридското езеро и манастирскиот комплекс Св. Наум.
|