Ресторанот „Ромео и Јулија“ се наоѓа во центарот на Скопје (Јужен булевар), со капацитет до 350 гости идеално распоредени со адекватен подиум, капацитетот може да се користи за секаков вид на свечености: Свадби, крштевки, роденденски забави и.т.н....
Ресторанот располага со квалитетна и професионална кујна која изобилува со квалитетна храна. Нашата услуга ја носи онаа веќе изгубена фина, директна комбинација на познавање за да се препорача и да ја препознае желбата и расположението на гостите.
Посетете не и уживајте во прекрасниот амбиент, квалитет, и услуга кои можеме да ви ги пружиме. Ќе бидете гостопримливо и професионално пречекани, бидејќи нашата единствена цел е вие да се чувствувате пријатно, Ваше е да дојдете и да се уверите!
Располагаме со сопствен паркинг.
|