Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од "Заводот за национално богатство".
Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.
Додека се воодушевувате од убавината на амбиентот збогатен со хортикултурата во дворот и звуците на фонтаната, Вашата душа ќе ја галат нежните звуци на националните музички инструменти кавалот и гајдата, придружувани со виолината, гитарата и хармониката.
Нашата лична карта и препознатлив белег е пред се националната храна, исклучително здрава храна подготвена на традиционален начин во фурна на дрва, како и во најсовремена кујна опремена по HACCP систем.
Подготвуваме најразлични коктели и шведски маси, организираме прослави и забави, како и менија за групи.
Само ако не посетите, ќе можете да се уверите.
Повелете, Ве очекуваме.
|