Во македонското угостителство ’’Уранија’’ гордо егзистира веќе две децении.
Нашиот ресторан е место што го посетуваат сите видни личности од македонската и светската политичка, забавна и спортска сцена. Холивудските ѕвезди како Роџер Мур и Ванеса Редгрејф се едни од многубројните познати личности кои биле наши гости.
Од вештите раце на готвачите можете да вкусите најразновидни јадења и специјалитети од богатото македонско и интернационално мени што Ви го нуди ресторанот ’’Уранија’’. Тука, во секое време можете да го вкусите најубавото јагнешко и прасечко печење. Услугата е беспрекорна и секогаш на врвно ниво.
Ресторан Уранија веќе дваесет години го нуди најдобриот кетеринг сервис.
Им благодариме на сите наши досегашни и идни гости, пријатели и сите љубители на нашата храна, пријатен амбиент, безпрекорната услуга и квалитет.
Секогаш Ваши,
Персонал на ресторан “Уранија“

|