CABERNET SAUVIGNON "TIVER"
КВАЛИТЕТНО СУВО ЦРВЕНО ВИНО Одгледано во нашето виногорје со совршена комбинација на почвата, сонцето, водата и нежните допири на ветрот, ова фантастично, деликатесно вино со сјајни бои на темен рубин, со виолетови преливи Ви нуди вистинско уживање. Вашето префинето сетило за каберне може да ги почувствува издвоените ноти на пребогатата лепеза од овоштија како: црна рибизла, јагода, капина и боровинки. Вино кое што богато ја преполнува палатата со дарежливи слоеви на заводливите овошни ароми и дискретно-слаткастиот зачин на ванила. Одличната урамнотеженост на благи киселини и зрели танини, која со текот на времето ги подобрува врвните карактеристики, ќе продолжи да го исполнува Вашето битие со возвишено задоволство. РЕГИОН ПОВАРДАРИЕ ( Струмичко-Радовишко виногорје ) 13,5% Vol.
www.dalvina.com.mk |