GODSIN MUSCATTROLLINGER
КВАЛИТЕТНО ПОЛУСУВО ЦРВЕНО ВИНО Ова рубин-црвено, деликатно, долготрајно и елегантно, полусуво вино, ги плени сите ваши сетила во моментот штом го допрете и вкусите. Прекрасно во својата младост и грациозно во своето стареење, со својата софистицирана хармнонија и нежна сласт, со ароми на суво грозје проткаени со ноти од чајно дрво, мед и рози, неизбежно остава незаборавен печат. Ако го пиете ова вино од непровидна чаша добивате впечаток дека е бело, пребогато со типични мускатни ароми кои ја преплавуваат палатата. Одлично се комбинира со традиционални македонски десерти. Регион Повардарие |