SAUVIGNON BLANC
КВАЛИТЕТНО СУВО БЕЛО ВИНО Според верувањата, по потекло од Балканскиот регион, поточно југо-источна Европа, нашиот Совињон Бланк е всушност "дома". Околу 10ти век е саден во југозападна Франција, во регионот на Бордо од каде и го добива името од "sauvage" што значи див и "blanc" - бел. Нашето вино, типично бледо зелено до сламенесто по боја, лесно е препознатливо по својот свеж тревнест мирис како лимонска трева, зачински вкус и ароматични тонови на зелена пиперка, маслинка, шпаргла или овошни ноти на лубеница, мандарина, ананас и јаболка. Питко, свежо, суво , меко и напредно, како верен пријател го поткрепува вкусот на доброто јадење. Струмичко-Радовишко виногорје 12% Vol. www.dalvina.com.mk |