SYNTHESIS Cuveè BARRIQUE
Прекрасна комбинација од нашиот деликатен и ароматичен Вранец, богатото, долготрајно Каберне и постојаното, напредно Мерло. Синтезис е вино кое плени со својата хармонија и незаборавни карактеристики. Одлежано 12 месеци во професионално изработени дабови буриња станува примамлив извор на сетилно задоволство. Темно црвено- виолетовата боја поддржана со јака но не груба танинска структура го прави да трае и десетина години. Одлично се комбинира со различни видови домашни специјалитети.
www.dalvina.com.mk |