Signature Merlot Grand Reserva 2008
Ова посебно суво црвено вино е добиено од 100% внимателно одбрано грозје од сортата Merlot. Виното се одликува со темна рубин црвена боја и темна виолетова нијанса.
Куриозитет за ова вино е 28 месечното одлежување во нови барик буриња од американски даб, кои во текот на созревањето се два пати заменети со нови. Оваа ретко применувана метода на созревање – 200% barrique резултира со интензивен, созреан и комплксен мирис на зрелo пасирано црвено овошје, дискретна ванила и нијанси на ментол и каранфилче. Вкусот е богат, полн и исклучително созреан со одличен баланс, мека танинска структура и хармонична киселост, со долготраен овошно-чоколаден послевкус. Грижливото одлежување на подолг период, ќе му даде на ова вино дополнителна комплексност.
Се препорачува да се консумира на температура од 15 – 18 °С, во комбинација со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, јаки сирења и друга зачинета храна. Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.
Полнето: Мај 2011 Алкохол: 16,1 vol%
www.chateaukamnik.com
|