Ten Barrels Syrah 2008
Премиум црвено вино кое е добиено 100% од сортата на грозје Syrah од сопствените лозови насади на винаријата. Виното се одликува со темна рубин црвена боја со свежи кармин црвени нијанси. Мирисот е многу впечатлив, комплексен, и најмногу потсетува на ванила, карамел, каранфилче и дим, како резултат на 14 месечното созревање во нови дабови (barrique) буриња од 225 л, во комбинација со ароми на ситнозрнесто варено овошје и печен марципан. Вкусот е полн, со дискретни зачински ноти, изразена структура, дискретна горчина, меки танини и убав завршеток. Виното се послужува на температура од 13 – 17 С и одлично се вклопува во комбинација со разни видови месо, а посебно со дивеч во пикантен сос. www.chateaukamnik.com
|